Продолжува реконструкцијата на улиците во Стајковци (фото)

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајновски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска извршија увид во градежните работи на реонструкцијата на улица број 5 во населеното место Стајковци.

- Градот Скопје, со Одлука на Советот на Град Скопје, минатата година додели 150 милиони денари, или 2,5 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август. Од нив 60 милиони денари се реализираат преку ЈП „Улици и патишта“, додека преостанатите средства преку Општина Гази Баба. Минатата година успеавме да асфалтираме повеќе од 50 улици, додека оваа година работиме за завршување на преостанатите. Денеска вршиме увид во градежни работи на главната улица број улица 5 во Попово маало – Стајковци, каде што во моментов се врши асфалтирање на улицата, која е со вкупна должина од 400 метри и широчина од 4 метри. Во реконструкцијата на оваа улица, покрај реконструкцијата на коловозот, извршена е и санција на постојната канализациона и водоводна мрежа – кажа градоначалникот Трајановски.

За реконструкција на улица 5 и краците на оваа улица, Градот Скопје издвои милион денари.

Покрај улицата број 5, изминатиов месец целосно се реконструирани уште 3 улици во Стајковци, а годинава беа реконструирани и поголем број улици во Инџиково, како и дел од улицата Алија Авдовиќ.