Приведено лицето кое оштети 18 паркирани возила на подрачјето на скопски Центар

Денеска, приведен е четириесет и осумгодишен скопјанец кој оштетил 18 автомобили во катна гаража во близина на трговски центар, во општина Центар

„Полициска станица Центар, денеска, во периодот од 07.25 и 07.40 часот, доби повеќе пријави од граѓани чии автомобили биле оштетени. Од страна на полициски службеници веднаш било излезено на местото на настанот, и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот, С.А., кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, стои во извештајот на МВР. 

„За случајот е известен Јавен обвинител, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото“, дополнуваат од таму.