Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници денеска во 11.05 часот на ул. „Мехмет Гего“ во Скопје го лишиле од слобода М.Б.(27) од Скопје.

-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.