Приведен криминалец за издржување на затворска казна од три ипол години

 

Денеска во Карпош од страна на полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.Ј. (28) од Скопје

Уапсениот бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 237 став 3 во врска со став 19 од Кривичниот законик.

Од МВР известуваат дека осомничениот е предаден во Полициската станица Карпош, по што ќе биде спроведен во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.