Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

По преземени мерки и активности, вчера и денес во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија уапсиле три лица Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје.

Вчера околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., бил уапсен Д.П., при што кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.


Подоцна, од страна на МВР бил направен претрес во станот кој го користел Ф.П., извршен со судска наредба. На лице место биле фатени заедно со Д.Д. како пакуваат марихуана. При претресот биле пронајдени 78 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, пари и други предмети со остатоци од наркотична дрога.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.