ОЈО отвори истраги против двајца дилери од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истраги против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во првиот случај, 42-годишен скопјанец е осомничен дека во периодот од мај до октомври годинава, на вториот кат во куќата во која престојувал на улицата „Тиранска“, опремил простории за одгледување и сушење на канабис, набавил семки од растението и го одгледувал, со цел неовластено производство на наркотична дрога – марихуана и хашиш.

При претрес во домот биле пронајдени 291 стебло канабис со поединечна висина од 10 до 33 сантиметри, засадени во посебни саксии во просториите каде биле инсталирани системи за наводнување и за вештачко одржување на светлина и температура.