Приведени двајца дилери во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од оперативен тим потраги при СВР Скопје лишиле од слобода двајца дилери од Скопје кои биле затекнати при примопредавање на марихуана.

-Денеска (22.06.2022) околу 11.00 часот на ул.„Злетовска“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(27) и М.И.(28), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при примопредавање на марихуана. При преглед кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана, се вели во соопштението на МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.