Празничен базар во „Блаже Конески“ во Аеродром, се приклучи и градоначалникот Муцунски

Новогодишната магија во Аеродром започна во основното училиште „Блаже Конески“ каде денеска се организираше празничен базар од страна на учениците, наставниците и родителите.

На истиот се приклучи и градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцуски. 

- Дечињата ги имаат најискрените, најкреативните и најзабавните новогодишни желби, а ние сме тука пред се како луѓе, родители и носители на функции да дадеме поддршка желбите да станат реалност. Вистинско уживање беше да се проследат уметничките и музички точки и задоволство беше да се сподели радоста која ваквите настани ја носат кај најмладите во Аеродром. Училиштата ширум општината во следниот период ќе бидат домаќини на вакви настани, а подготовките за 2024 година во Аеродром ќе ги заокружиме со „Новогодишна Бајка“ која ќе се одржи од 25 до 27 декември на „Авионче“ и каде ќе настапат домашни музички ѕвезди, најави Муцунски. 

- Инвестициите за модерен и современ процес продолжуваа и следната година, затоа што тоа се желбите на учениците. Со голема инвестиција за доградба на „Блаже Конески“ започнува 2024 година во која образованието и учениците и понатаму ќе бидат во фокусот на Општина Аеродром, вели првиот човек на општината.