Пожар во скопскиот Клинички центар

Министерството за внатрешни работи информиреше дека вчера во 07.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во бараката на Управата на Клиничкиот центар настанал пожар во канцеларија.  

Повредени лица нема.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.