Повторно евакуација во Ист Гејт мол: Вработените и купувачите надвор од трговскиот центар, полиција на секој чекор!

Трговскиот центар Ист Гејт повторно се евакуира, неофицијално дознава Курир.

Според информациите, сите вработени се евакуирани од споредните влезови на трговскиот центар, а исто така внатре нема ниту купувачи.

Во моментов полицијата го обезбедува молот, иако се уште не се знае поради што се евакуирале вработените.

- Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето, потврдија од МВР за Скопје Инфо.

По евакуацијата на Ист Гејст се огласија од Трговскиот центар од каде велат дека ситуацијата е безбедна и тој ќе продолжи да работи со регуларно работно време.

-Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време, велат од Ист Гејт.