МВР ја откри причината за евакуацијата во Ист Гејт мол

Трговскиот центар ИстГејт попладнево од задниот влез на молот ги евакуираше сите посетители кои се нашле внатре, а ако што откриваат од МВР причината за тоа е уклучувањето на противпожарен аларм поради пожар во гаражите.

Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето, потврдуваат од МВР за Скопје Инфо.

Фотографии од настанот објави Курир

По евакуацијата на Ист Гејст се огласија од Трговскиот центар од каде велат дека ситуацијата е безбедна и тој ќе продолжи да работи со регуларно работно време.

- Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време, велат од Ист Гејт.