„Ист Гејт Мол“ повторно е отворен за посетители по пожарот, но без делот за брза храна

Трговскиот Центар Ист Гејт Мол продолжи со работа од 13 часот.

Затворен останува делот за брза храна.

Пожарот избувна утрово во 9.35 часот во делот кај рестораните во трговскиот центар, пришто запален бил еден од вентилациските канали, а вработените и посетителите беа евакирани.

Повредени лица нема, а причинета е материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.