Повеќе делови од Скопје утре без струја

Корисниците од улицата „Руѓер Бошковиќ“ бр. 8, влез 1 во општина Карпош, утре од 8 до 21 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Кучково, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Мице Козаров“ зграда бр. 29 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 15 часот без струја ќе останат и дел од корисниците од улицата „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари, а од 9 до 14 часот корисниците од улицата „Лука Геров“ подулици бр. 4,6,8,10,12 и 15 во општина Ѓорче Петров.

Дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ во општина Кисела Вода ќе бидат без струја од 12 до 14 часот.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.