Потресно сведоштво на пациентка: Аптекарот на Онкологија ме уцени за терапија Гејтруда – „Во мои раце си, пази што правиш“

Пациентката на Клиниката за онкологија Минка Беизоска со потресно сведоштво за Слободен печат раскажа за трговијата со скапите биолошки терапии која претставувала лукративен бизнис за дел од вработените.

Аптекарот од болницата ѝ барал пари секој пат кога ќе требало да прими биолошка терапија „Гејтруда“. Докторите, сестрите и аптекарот ѝ велеле дека „на лекот нема нејзино име и презиме“ затоа што „го криеле за неа“.

-Зошто да ја кријат за мене терапијата, која сум јас? Зошто да му давам пари за терапија што државата ми ја плаќа мене?, прашува Беизоска.

После неколкукратно плаќање на терапијата „Гејтруда“ која инаку пациентката требало да ја добие бесплатно, таа случајот го пријави во полиција и аптекарот беше приведен за поткуп. Но, дали тој бил единствениот што бил вклучен или пак се работело за синџир?  Целиот разговор со Беизоска може да го слушнете во продолжение: