Меџити: Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, со име и презиме треба да се да се знае кој се огрешил за Онкологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија потенцира дека нема да дозволи да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да се знае кој огрешил и за тоа да одговара.

- “Точно се знаат прописите како работи една јавно-здравствена институција и како работи Министерството за здравство. За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. А, јас нема да дозволам веќе да се оцрни белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме“, рече Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма.