Потресна приказна на новинарката на Сител: Од девет години сум на инсулин

Новинарката во ТВ „Сител“, Рената Јакимовиќ во интервју за Женскимагазин.мк откри дека боледува од дијабетес од својата деветта година. Нејзината динамична професија бара многу посветеност, но истовремено е важна и посветеноста на борбата со болеста.

Оваа храбра млада жена, отворено раскажува како живее со дијабетес, каков начин на исхрана применува и колку е важна отвореноста и едукацијата во нејзиниот случај. 

- Од кога точно боледувате од дијабетес, кога и како ги забележавте првите симптоми?

- Дијабетесот ми е дијагностициран на 9 годишна возраст, во 2003 година.Симтомите беа драматични и навистина видиливи. Пиев по 4 до 5 литри вода на ден, уринирав пречесто, ја губевв својата тежина и имав главоболки. Симпомите ги имав некое време па моите родители ми направија крвна слика која резултираше со превисок шеќер во крвта. Тоа значеше итна хоспитализација во оделот за ендокринологија при детската клиника и финалната дијагноза, дијабетес мелитус, тип 1.

- Дали примате инсулин и внимавате ли на начинот на исхрана?

- Од самиот старт јас сум на инсулинска терапија, мојот тип на дијабетес е инсулински зависен. Во првите 6 години користев инсулински пенкала, минимум 4 боцкања на ден, а потоа преминав на инсулинска пумпа, уред кој делува како надворешен панкреас.

Правилната исхрана е задолжителна за мене, а тоа значи 5 оброка на ден по можност со сложени и бавно разградливи шеќери. Секое излегување од овој начин на исхрана за мене значи нарушени добри вредности кои резултираат со промени во расположението и способноста да функционирам нормално, па затоа се трудам да внимавам на начинот на исхрана максимално што можам.

Остатокот од интервјуто можете да го прочитате на zenskimagazin.mk.