Лидија Иванковиќ, која сега има 37 години, моли да се јават луѓе кои нешто слушнале за нејзиниот случај, се сеќаваат на неа додека престојувала во Домот во Скопје, можат да ја препознаат на фотографиите или слушнале нешто што би  помогнало да си го дознае потеклото.

Лидија бара помош за да ги најде своите биолошки родители, за кои претпоставува дека се од Македонија. Таа одлучи јавно да праша дали некој може да ја препознае откако по неколку обраќања до социјалните служби во Скопје било кажано дека информацијата за родителите е доверлива според македонскиот Закон за семејството, кој строго забранува овој податок да им се даде на посвоените деца.

Лидија Иванковиќ е родена во септември пред 37 години во Скопје. Не е сигурна за датумот на кој го здогледала светлото на денот затоа што нејзината биолошка мајка, наводно, ја оставила покрај контејнерите пред Домот за деца и доенчиња во Аеродром, тогашна Кисела Вода, денеска познат како Мајчиндом. Стручните лица што ја прегледале по состојбата на папокот заклучиле дека е родена на 6 септември 1979 година.Трагата на биолошката мајка тука се губи. Лидија престојувала во Домот година и пол.

 Уште додека била мала родителите  раскажале дека не се вистински родители.  го кажале она што и ним им било кажано: дека ја нашле покрај контејнер, а потоа била однесена во Домот и оставена настрана за некој „големец“, чија жена се разболела, па не можеле да ја посвојат.Посвоителите немаат никаков документ ниту за ова тврдење ниту, пак, за посвојувањето. Имаат само извод без матичен број издаден во Скопје. Лидија добила матичен број во Србија, дури во 2000 година. Тоа што го знае е дека домското име било Билјана.Потрагата ја почнала пред седум-осум години, прво во Центарот за социјална работа во Параќин.

Јас од никого ништо не сакам. Растев во среќно семејство и материјално сум обезбедена. Само ја сакам вистината. Ги барам биолошките родители бидејќи имам право да знам за своето потекло, да знам за својата генетика. Светот е мал, се плашам дека може да дојде и до инцест. Само сакам да ги заштитам своите деца и нивните деца од можни компликации – вели Лидија.