Порака на денот: Престанете залудно да барате околности кои ќе ве направат среќни!

Не се потпирајте на другите луѓе и надворешни околности за да бидете среќни.

Незадоволството лежи во пукнатината меѓу она што го имаме денес и она што мислиме дека ни е потребно. Но, вистината е дека не ни е потребно да стекнеме нешто повеќе за да бидеме задоволни со она што веќе го имаме. Не ни треба ничија дозвола за да бидеме среќни. Вашиот живот е величествен, не затоа што некој друг тоа го кажува или затоа што сте купиле нешто ново, туку затоа што вие сте одлучиле да го гледате на тој начин. Вие секогаш можете да бирате дали ќе живеете и доживеете нешто.

Кога ќе престанете да правите сѐ и секого одговорни за вашата среќа, ќе бидете посреќни. Ако не сте задоволни сега, никој друг не е виновен за тоа. Преземете целосна одговорност за сопствената несреќа и веднаш ќе добиете можност да бидете посреќни. Престанете со залудно барање околности кои ќе ве направат среќни. Едноставно почнете да го цените она што се случува во овој момент, а добрите работи ќе почнат да се случуваат.

Поголемиот дел од вашата среќа или несреќа зависи од вашиот поглед, а не од вашите околности. Дури и ако работите не се баш совршени во овој момент, помислете на сета убавина која и натаму е околу вас. До добра причина за насмевка нѐ дели само еден чекор, една мисла – одлучете се да приклучите во секој момент!