Порака на денот: Луѓето кои ве ценат секогаш ќе ви го покажат тоа со своите дела

Можете да им се допаѓате на луѓето и да ве сакаат, но ако не покажат дека ве ценат и почитуваат, тоа не вреди ништо.

Постојат милион начини да се покаже љубовта, но делата најдобро говорат за тоа. Понекогаш можеме да сакаме нешто и да го земеме „здраво за готово“ или пак може да цениме некоја личност, но ако се однесуваме лошо кон неа, сето тоа нема смисла.

Да се сака некого значи дека знаеме дека треба да се потрудиме околу таа личност, да ја покажеме својата љубов со дела, а не само со празни реченици. Луѓето можат да ве сакаат, но да не се свесни за вашата вредност. 

Луѓето кои ве ценат ќе најдат време за вас во нивниот зафатен распоред, ќе помислат да ви се јават и ќе ве прашаат како сте. Можеби тоа нема да биде постојано и нема да биде секогаш, но ќе биде со цел и со искрена намера. Кога некој ве цени, тогаш тој наоѓа време за вас,  не бара изговори и не мисли дека вие ќе останете тука секогаш и покрај нивното пасивно однесување.

Многумина од нас имаат такви личности покрај себе. Знаеме дека тие нè сакаат, но исто така сме свесни дека не прават ништо за да го покажат тоа. Тие не инвестираат во нашиот заеднички однос и не се грижат дали можеби ќе не изгубат со својата пасивност. Тие мислат дека тоа е доволно.

Но, сепак не е.

Луѓето кои ве сакаат и ценат, се трудат околу вас. Нивните дела зборуваат многу повеќе од нивните зборови и ним не треба да им објаснувате дека нешто ви е потребно или пак дека нешто недостасува во таквиот однос. 

Луѓето кои ве сакаат се покрај вас и во добро и лошо, тие разговараат и тие ја покажуваат својата љубов.