Поради дефект дел од населбата Водно без вода

ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека поради дефект на приклучна цевка на ул. Тодор Александров 32 (нас. Водно), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Периша Савелиќ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување со санација на дефектот.