Полни раце работа за Дедо Мраз во „Јохан Хајнрих Песталоци“

Полни раце работа за Дедо Мраз затоа што доби нови новогодишни желби и честитки од нашите ученици од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Денеска во клубот Матично имавме одлична дружба и уживавме во преубава претстава одиграна од нашите умни главчиња. Сакам да им честитам за одличната интерпретација и глума.

Дечиња искрено ви посакувам многу здравје, среќно и палаво детство и секако успеси во учењето.