Новогодишна магија во Бутел: Дедо Мраз се дружеше со децата

Дедо Мраз денеска се дружеше со децата од општина Бутел, а првата „Снежна Бајка“ помина во преубава новогодишна атмосфера со многу насмевки и игри.

- Првата “Снежна Бајка” денес помина во преубава новогодишна атмосфера, со многу насмевки, игри, другарување. Се дружевме и забавувавме со омилената Биби, со принцезата Елса и нејзиниот Олаф и секако главниот Дедо Мраз кој подели пакетче на секое дете! Нека ова пакетче со него донесе и огромна љубов, завиткана со искреност, врзана со грижливост и запечатено со благослов, за да не радува во текот на целата година. Благодарност за сите кои присустуваа на овој преубав настан, благодарност и до нашите најмали кои донесоа посебна радост, напиша градоначалникот Дарко Костовски.