Полицајци сакале да легитимираат лица во автомобил, возачот го стартувал возилото и со него удрил во еден од нив

Вчера 22.00 часот на подрачје на Чаир – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал А.Е., се со цел да извршат легитимирање на лицата во возилото. Пред да успеат да ги легитимираат лицата во возилото, возачот го стартувал автомобилот и со него удрил во еден од полицајците по што истите испукале два куршуми. Автомобилот после неколку метри застанал при што лицата го напуштиле и се вдале во бегство.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.