Почнуваат да течат роковите за избори за нов претседател на СДСМ

На 23-та седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку важни одлуки. Претседателот Димитар Ковачевски објави дека се повлекува од функцијата и свика отчетен Конгрес. Според Статутот, почнаа подготовките за нови внатрепартиски избори за претседател.

Централната изборна комисија ќе ги организира изборите, а се очекува да предложи правилник и роковник за изборите кои ќе се одржат во јуни. Извршниот одбор формира и Работни групи за активна регистрација на членството и организација на отчетниот Конгрес.

Членовите на Извршниот одбор, вклучувајќи го и раководството, поднесоа оставки како морален чин на одговорност. Истото се очекува и од членовите на Централниот одбор. Сите претседатели на општинските и градската организација, именувани од претседателот, исто така се во оставка до изборот на нови.