#ПочниСоВодно и овој четврток, рекреација после работа

На ваше барање, четврточно искачување на Водно.

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:30 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел - алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.

Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ОПРЕМА:
- за хајкерите, челна ламба или било какво светло
- за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.
- домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.