Почна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Почна уривањето на старата конструкција на Универзална сала во Скопје и се поставува нова, во рамките на проектот за реконструкција на концертата сала.

Во предниот дел од објектот веќе е поставена новата конструкција и таму во моментов се врши уривањето на старите делови .

Од Град Скопје за порталот СДК велат дека за дваесетина дена целиот објект ќе добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да  бидат готови до крајот на годинава. Потоа ќе почне втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста. 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот фејсбук профил објави фотографии од градежните активности и порача: 

„Универзална сала започнува да го добива своето ново лице! Скопје, една поинаква приказна !