Бисера ќе ја тужи Данела - градоначалничката ѝ одговори на Фејсбук

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави тужба за скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

- Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска, изјави денеска министерката.

Според неа, обвинувањата дека таа знаела за пожарот но не пријавила веднаш се само измислена приказна. 

- Таа самата детално ќе објасни во тврдењата за мене. Изгледа добро и оди со судски тужби. Ако сака да биде обвинител и истражител, нека повели. За клеветите ќе се видиме на суд. Не само што покажа негрижа за градот и немање слух, туку покажа и дека единствениот начин со неа е само преку суд, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Сепак таа не сакаше да ги коментира причините за пожарот. Вели, истрагата се уште трае и истражните органи се тие што ќе треба да кажат како се запали Универзалната сала.

Министерката вели дека Универзална сала е осигурана и ќе им биде вратена на граѓаните. 

За ова се огласи и градоначалничката на Град Скопје на својот фејсбук профил. 

- Министерката за култура ќе тужела зошто вчера сум го поставила прашањето: “Зошто ако осознала Министерката за пожарот пред 9 часот, истото не го пријавила?” Од Противпожарната бригада на Град Скопје информираа дека пожарот е пријавен од случаен минувач во 9 часот и 50 минути, а бригадата за 5 минути односно во 9.55 пристигнала на лице место и пристапила кон гаснење на пожарот. Еве Министерке Вие сами изјавивте дека сте осознале за пожарот пред 9 часот и дека објектот е осигуран. И повторно не одговоривте на ниту едно од прашањата кои ги поставивме вчера, а очигледно внимателно сте ја изгледале целата прес конференција, се наведува во објавата на Арсовска на нејзниот официјален фејсбук профил.