Пендаровски: Мора да се спроведе соодветна истрага за уништувањето на Универзална сала

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции.

„Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значен објект“, вели тој.

Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани.