Почна меморијалниот турнир „Љубанци 2023“ во чест на бранителите

Синоќа започна меморијалниот турнир кој се организира во чест на нашите бранители кој го дадоа животот во одбрана на Република Македонија, Томе Бадаревски и Гоце Чанкуловски.

- Општина Бутел е генерален покровител на овој турнир. Средствата собрани од учество на екипите ќе бидат донирани за семејствата на загинатите бранители, информира градоначалникот Дарко Костовски.

На отворањето на турнирот беше присутен и македонскиот пејач Ламбе Алабаковски.