Продолжува реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во Општина Бутел

Општина Бутел продолжи со асфалтирање и реконструкција на улиците во Љубанци, а градоначалникот Дарко Костовски најави дека градежната експанзија ќе продолжи и понатаму.

- Ова се улици кои за прв пат добиваат асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон, напиша Костовски на Фејсбук.

Во наредниот период ќе се асфалтираа неколку улици во Љубанци и Љуботен.