Општина Бутел продолжи со целосна реконструкција на улиците во Љубанци

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски информира дека денеска почнала реконструкцијата на краците на улицата 5 во Љубанци.

Краците на улица 5 во должина од над 300 метри и ширина 3 метри за првпат ќе добијат асфалт по машинското гребење и поставување на тампон.

- Градежнто офанзива се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Продолжуваме во останатите населени места кои што се опфатени со асфалтирањето на над 30 улици, информира Костовски.