По 5.000 денари за секое семејство со новороденче во општина Гази Баба

Од следната година општина Гази Баба ќе доделува по 5.000 денари на семејствата со новороденче. 

-Реализирано уште едно ветување. Од 01.01.2022 година секое семејство кое ќе има новороденче, ќе добие еднократна парична помош од 5000 денари. Ќе се доделуваат 5000 денари за секое ново родено дете, средства од буџетот на општина Гази Баба, соопшти градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефкоски.