Плата немаат примено околу 20.600 наши сограѓани, и тоа за време на новогодишните и божиќните празници

Околу 9.975 работодавачи уште од ноември не им поделиле плати на 20.601 вработен рече денес директорката на УЈП Сања Лукаревска. Овие работници претежно работат во микро компани кои за жал се без пари за време на празниците.

– Заклучно со 29 декември 2023 година, пресметки за ноември поднеле и платиле 60.143 работодавачи за 535.634 вработени. Прифатени и неплатени пресметки има од 4.441 работодавачи за 10.921 вработен, а неподнесени пресметки има од 5.534 работодавачи за 9.680 вработен – рече Лукаревска.