Петровска потврди дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, партијата се подготвува за изборите

Актуелната пратеничка и досегашна министерка за одбрана Славјанка Петровска потврди дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ.

Внатрепартиските избори во СДСМ се најавени да се одржат во јуни.

Од денеска треба да почне рокот за поднесување на кандидатури за избор на нов претседател на СДСМ. Официјалната потврда за влегување во претседателската трка во партијата од Петровска пристигна откако неколку пати изминатите две недели во медиумите посочуваше дека размислува да се кандидира за лидер на СДСМ.

Покрај Петровска, кандидатури за претседател на СДСМ најавија и Јован Деспотовски, актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и екс-министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче.