Перо Антиќ повторно вљубен - Овој пат во врска со позната скопјанка

Перо Антиќ, поранешниот кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, не ја крие врската со Сања Ристиќ, инфлуенсерка позната и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“. 

Именно, чаршиските муабети беа потврдени и со „Инстаграм стори“ кое го сподели Сања, а на кое се гледа како уживаат во празнични пижами. 

Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица, со која има три сина, а потоа беше во врска со познатата манекенка Катарина Ивановска. Сања Ристиќ беше во брак со ракометарот Дејан Пецаковски со кого има два сина.