Падна дрво во Козле

За време на силното невреме што зафати делови од Скопје, падна дрво во населбата Козле, спроти студентскиот дом Гоце Делчев, на улицата Јури Гагарин.

Падот на дрвото можно е да предизвика штети на неколку автомобили, но за сега нема официјални информации поврзани со ова.

Од општината информираа дека екипи на општина Карпош веднаш излегле на местото и го расчистиле теренот.