Овој напиток ќе ви помогне полесно да зачнете дете

Чаша црвено вино на ден може да обезбеди заштита на жените од хормонален проблем кој го отежнува зачнувањето.

Научниците од калифорнискиот универзитет утврдиле дека ресвератролот – природна состојка во виното, (грозјето), придонесува за решавање на проблемот со хормоналниот дисбаланс кај жени со синдром на поликистозни јајници – водечка причина за женската неплодност.

Состојбата се карактеризира со производство на поголеми од вообичаените количини тестостерон и андрогинот. Зголемените хормонални нивоа придонесуваат за неправилни или отсутни менструални циклуси, акумулација на тежина, прекумерната влакнатост, неплодност и зголемен ризик од развој на дијабетес.

Во истражувањето, кое опфатило 30 жени со синдром на поликистозните јајници, истражувачите утврдиле дека секојдневната доза на ресвератрол во форма на додаток го намалува нивото на тестостерон со 23,1% и на дехидроепиандростерон сулфат – друг хормон кој може да се конвертира во тестостерон, со 22%.

За споредба – кај жените во плацебо групата намалувањето било соодветно со 2,9% и 10,5%.

air max 90 essential sale