Отстранети 110 кубни метри отпад од училиштата и дивите депонии

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје од почетокот на мај отстранија вкупно 110 кубни метри отпад од образовните институции, како и од повеќе диви депонии на територијата на градот Скопје.

Од претпријатието информираат дека биле подигнати и транспортирани околу 60 кубни метри кабаст и амбалажен отпад од дворовите и внатрешните простории на градинките, основните и средните училишта во сите скопски општини.

-Во текот на месецот биле расчистени и 50 кубни метри отпад од диви депонии во општината Гази Баба, лоцирани во близина на автобуската станица во населбата Хиподром и на улицата „Перо Наков“, соопшти „Комунална Хигиена“.