ЈП Комунална хигиена: Исчистени неколку диви депонии во Скопје

ЈП Комунална хигиена - Скопје соопшти дека во текот на изминатава недела се отстранети неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Карпош и Ѓорче Петров.

Расчистени се 20 кубни метри градежен и мешан комунален отпад одложен на јавни и сообраќајни површини, на булеварот „Македонско-косовска бригада“, каде што се подигнати и транспортирани околу 15 кубни метри отпад од картонска амбалажа, како и на улицата „Борис Сарафов“ на која е отстранета дива депонија од 10 кубни метри градинарски и кабаст отпад.

-Интервенирано е и на улицата „Славеј Планина“ во близина на скопското Теќе, долж булеварот „Партизански одреди“ и на улицата „Јордан Мијалков“, каде што се подигнати приближно 55 кубни метри непрописно одложен отпад, а, воедно звршено е и, генерално чистење на реонот околу Железничката станица во Скопје, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена - Скопје.