Основниот суд Скопје 1 за еден месец ќе се сели конечно во новата, барокна зграда

Основниот суд Скопје 1, кој уште е во старата зграда со лоши услови за работа на судиите, но и за обвинетите и странките во постапките, за еден месец ќе се сели конечно во новата, барокна зграда, веднаш штом ќе се провери одводната канализација, пишува СДК.

Ова го најави денеска претседателот на судот Иван Џолев на брифингот за новинари откако беше прашан зошто судиите и рочиштата уште се во старата зграда, а тој најави преселба уште за Денот на правосудството – 31 Март.

„Преостана уште канализацијата да се провери. Следниот брифинг ќе ни биде се надевам во новата. Преселбата не можеше да се случи бидејќи излегоа проблеми, немало сертификат за лифтовите, сертификат за противпожарните апарати, за алармите и друго. Телефонската централа битно ја оспособивме”, рече на денешниот брифинг претседателот Иван Џолев.