Кривичниот суд на 31 март, на Денот на правосудството ќе се всели во новата зграда

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев очекува новата зграда на судот да биде отворена на 31 март, на Денот на правосудството.

Како што објасни Џолев на денешната средбата со новинарите се чека да завршат процедурите во Катастарот и да се добие употребната дозвола.

“Новиот објект на Кривичниот суд ќе има многу подобри услови за работа.Зградата се уште се води во сопственост на Министерството за правда, која треба во катастар да се префрли во сопственост на судот и да се добие употребна дозвола за да може судот да се пресели”-појасни преседателот на Судот.

Новата зграда има 25 судници,. Условите ќе бидат подобри, и покрај сите маани во неа кои беа констатирани од стручни лица

Како што објасни Џолев, Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка.
Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад, па сега судот повторно е во фаза на набавка на камери и дека наскоро ова треба да биде регулирано.

Токму недостатокот од опрема за тонско и визуелно тонско снимање беше причината за одложување на неколку рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство бидејќи адвокатите на обвинетите бараа да биде исполнет овој услов, повикувајќи се на одредбите од Законот за кривична постапка.

Џолев вели дека судот засега има две камери, што, како што рече, претставува проблем, но оти смета дека тоа не е услов за одложување на рочиштата бидејќи во тој дел Законот за кривична постапка е јасен.