(Видео) „Шутка е хотел за Идризово“ – затвореници искасани од инспекти, спијат по ходници, тешко доаѓаат и до душеци

„Затворот во Шутка е хотел за стариот дел на Идризово“, со оваа реченица, затвореник сместен во т.н. „Амбуланта“ во најголемиот затвор во Македонија ја опишува состојбата во која издржува казна. Тој во подкастот „Претрес со Ландов“ во живо комуницираше со јавноста на која и укажа дека ако во затворот „Скопје“ има супстандардни услови, во Идризово е далеку полошо. Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски во подкастот кажа дека затвореници спијат по земја, некои не добиваат ниту навремено душеци, сместени се по ходници.

„Нашите претставници од Националниот превентивен механизам беа сведоци на една ужасна глетка, а тоа е лица кои биле искасани од тафтабити по цело тело, тоа се инсекти, и кои што во моментот кога им требало помош немало медицинско лице за да им укаже помош. Сметам дека ова е загрижувачки. Односнот кон притворениците и затворениците е понижувачки и деградирачки. Тоа нема меѓународен и домашен извештај што не го констатира“, вели заменик-народниот правобранител Јован Андоновски во подкастот „Претрес со Ландов“.

Тој сподели и други фрапирачки детали во однос на нечовечките услови во кои затврениците во македонските затвори поминуваат долги години.