Осмото издание на фестивалот „Здраво млади“ во организација на Младинскиот културен центар ги објави имињата на првите три изведувачи.

На само три месеци до одржувањето на музичкиот хепенинг на 1 спетрември најавени се „Вуден шипс“(Wooden shjips), „Бленк Мас“(Blanck Mass) и „Камера“(Camera).

Четворката со мистериозното име „Вуден шипс“ свири минимален, бучен вид на гаражна психоделија со забележително влијание од краут-рокот. Вокалите на бендот се провлекуваат меѓу бранови од пулсирачки минималистички ритми, додека дисторзираната гитара и пискавите органи се јавуваат во преден план.

Групата започнува со работа во Сан Франциско во средината „Трил Џокеј“ и за прв пат почнуваат да снимаат во вистинско студио, што резултира со нивното најшироко и најдинамично издние дотогаш. Фронтменот Рипли Џонсон паралелно е посветен и на еден друг етаблиран психо-рок израз со име „Мун Дуо“.

„Бленк мас“ е всушност Бенџамин Џон Пауер кој е дел од „Фак Батонс“ и „Ворлд итер“. Во изданието во кое ќе го видиме на „Здраво млади“ ќе го претстави неговиот трет албум преку кој создаде конзервативно и репрезентативно издание за една година преплавена со гнев, насилство, забуна и фрустрација.

„'Ворлд итер' е истовремено референца за внатрешното чудовиште во луѓето, кое кога сме во „чопор“ нè попречува да се придвижиме кон доброто, и навраќање кон самите луѓе и нивното место на планетата Земја. Чудовиштето е мошне врзано за територија и насилно. Многу ми е јасно дека чудовиштето останува сè поприсутно и претставува закана. Мораме да го разбереме и да го контролираме чудовиштето пред да го испревртиме и уништиме светот“, вака Џон Пауер го објаснува своето творештво.

Берлинскиот бенд „Камера“ со право е споредуван со иконите на краут-рокот од седумдесеттите години. Се карактеризира со стегнат и моќен звук, иако тие, сè уште, на одреден начин се непредвидливи.

Мајкл Драмер е неверојатниот индијански белец што тропа на тапаните на секој настап како да сме среде инкарнациски ритуал од 17-тиот век. Заедно со Стефен Калес, кој доаѓа од светот на филмската музика, го наоѓаат музичкиот правец што бил потребен за збогатување племенскиот бит со разнообразни мотиви и јадри звуци.

Цените за влезниците на годинешното издание се пуштени во продажба и до 15 јуни изнесуваат 400 денари. Може да се набават преку продажната мрежа на МК тикетс или на Билетарница МКЦ.