Општина Карпош подготвена за снегот!

Од локалната самоуправа во Општина Каропш излегоа со соопштение во кое се вели дека екипите се подготвени за снежните наноси кои ги предвидуваат метеролозите!

Од буџетот на општината набавени се 250 тони сол, 20 кубни метри ризла, како и 3 возила наменети за интервенции во снежни услови. Возилата се опремени со плуг, бункер за сол и систем за распрскување на солта. Со оваа механизација општината е подгтовена да одговори на предизвиците на сите сообраќајници на нејзината територија. Однапред одредени се и „критични точки“ каде ќе се обрне особено внимание, а тоа се сообраќајниците кои ги поврзуваат Бардовци, Трнодол, Жданец, Горно Нерези и улиците Ловќенска 4 и 9 и „Илија Плавев“ во населбата Козле. 

Главните улици кои поминуваат на теротиријата на општината, како и во останатиот дел од градот ќе ги расчистуваат екипи од Град Скопје.