Општина Ѓорче Петров со стратегија за образование

Општина Ѓорче Петров, во соработка со 50 учесници од граѓанскиот сектор, Советот на родители, различни надлежни институции и други релевантни фактори ја креираше новата образовна стратегија за наредниот период од 4 години.

Голем број на учесници и голем број на идеи кои подоцна ќе се вклопат во завршната фаза на стратегијата. Општинските комиси ќе ги разгледуваат за на крај да бидат ставени на дневен ред за усвојување во самата Општина.

Во главном, ќе се доградуваат постоечките објекти на училиштата, за да се зголемат капацитетите, енергетски ефикасни решенија за греење, замена на Азбестните покриви, па се до набавка на посовремена опрема за држење на настава, како на пример ЛЦД екрани и платна за проекија. Особено внимание беше посветено на грижата на деца со посебни потреби. Предложени се изградби на пристапни рампи за погорните катови на училиштата. За реализација на проектот неопходна е соработка на Општината и стопанскиот сектор, како и вработување на стручен кадар. Стручниот кадар ќе се добие преку реализирање на обуки на професорите.