„Грижи се за себе“, градоначалникот на Ѓорче Петров испраќа порака по повод „Месецот на машкото здравје“

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски придружван од Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски и докторот Никола Пановски вчера учествуваше на настан кој се одржа во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна нега - 13 Ноември, по повод „Месецот на машкото здравје“. 

- На самиот настан , во рамки на специјалистичко-консултативните амбуланти се одржа бесплатен преглед на УГС и простата со утразвук од страна на вработен доктор специјалист по интерна медицина примариус д-р Марика Филипова и спец.д-р Виктор Станков –уролог од Универзитетска Клиника за урологија- Скопје, напиша Стојковски на својата фејсбук страна. 

Во рамки на настанот , беа поставени и штандови од едукативен и информативен карактер за подигање на свеста особено кај целната група на потенцијални пациенти и тоа мажи над 50 години за превенција и рано откривање на карцином на простата, како најчест застапуван карцином кај мажите