Градоначалникот на скопската општината Ѓорче Петров на својата фејсбук страна објави информација дека екипите за зимско одржување во текот на нoќта и утрово се на терен.
- Навремено се исчистени сите критични места во Општина Ѓорче Петров со цел непречено одвивање на сообраќајот. Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите жители, напиша Стојкоски во објавата.
Тој апелираше до возачите да внимаваат во сообраќајот и брзината да ја усогласат со условите на патот.