Општина Гази Баба со повик за реконструкција на кровови на станбени згради и индивидуални домаќинства

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека во тек е јавниот повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик.

- “ Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кров на станбени згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 700.000,00 денари.

- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на индивидуални куќи во социјален ризик искористени за реконструкција на кров на индивидуална куќа, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 200.000,00 денари.

Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат“ напиша Стефковски