Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на подрачното училиште ООУ Наум Охридски во Црешево, ова на социјалните мрежи го објави градоначалникот на Бобан Стефковски

- “Со реализацијата на овој проект ќе се изгради трибина за следење на натпреварите и пристапни патеки со павер елементи околу спортскиот терен. Вредноста на инвестицијата е 4.600.000 денари. Продолжуваме со реализација на инвестиции насекаде низ општина Гази Баба“ напиша Стефковски