Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто

Денес, се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.

За таа цел општина Гази Баба, со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на  Ченто, организира настан за да ја оддадеме наша должна почит кон него.

Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:

-Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме, напиша Стефковски

На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.